Tимот на Вардар вечерва одигра одличен натпревар на гостувањето Менхајм против Рајн Некар Левен и стигна до важна победа.
Вардар наметна одлична игра уште од стартот, а домаќинот парирарше неколку минути (до 3:3). Во продолжение следуваше одлична игра на македонскиот шампион, на голот блескаше и Милосављев, па со серија од 1:4 нашиот претставник стигна до 4:7.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вардар максимално ги користеше своите шанси на германскиот тим не му одеше, тренерот Јакобсен го уфрли и Талески во нападот, но не им помогна многу. Во еден момент од првиот дел Вардар стигна и до предност од 9:16. Во последните минути од полувремето Рајн Некар ја подобри играта па дојде до 12:16, резултат со кој се замина на полувремето.
Второто полувреме донесе нешто поизедначена игра, но вардарци одлично ја чуваа предноста стекната во првото полувреме.
Се играше променливо, а Рајн Некар ниту еднаш се до финишот од натпреварот не дојде до разлика помала од 4 гола.
На -3 Рајн Некар стигна со последниот погодок кога и ги поставија конечните 27:30.
Ова е важна победа за Вардар во борбата за втората позиција. Следен противник на „црвено-црните“ е Веспрем кој гостува во Скопје.