Дома Трансфер зона Мбапе одби продолжување на договорот и со тоа најави трансфер

Мбапе одби продолжување на договорот и со тоа најави трансфер

Нема дилеми дека Килијан Мбапе ќе стане најдобриот играч на светот во наредните години.

Иако на крајот на месецот треба да наполни 21 година, Мбапе веќе покажа исклучителен квалитет, а со тоа навести одлична кариера.

Одличниот Французин веќе некое време е голема желба на Реал Мадрид, а Марка објави вести кои би можеле да им ја олеснат работата на Кралевите.

Имено, ПСЖ има нов договор за Мбапе, но офанзивецот одбива да седне на преговарачката маса и воопшто не сака да разговара со челниците на францускиот клуб.

Парискиот клуб му нуди на Мбапе договор до 2025 година со плата од 25 милиони евра, но челниците на „Светците“ засега не успеваат во своите намери.

Одбивањето да го продолжи договорот е јасен показател дека сака да ја продолжи кариерата во друга средина.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Постигнат договор: Артета го добива првото засилување

Според медиумите од Островот, Левин Курзава од ПСЖ треба да биде првото засилување на Арте…