Грузиецот Квича Кварацхелија не е во центарот на вниманието како во текот на шампионската сезона на Наполи, но за него интерес се уште има.
Имено, според информациите на „Кориере дело Спорт“, 23-годишниот Грузиец и понатаму е на „радарот“ на Пари Сен Жермен. Килијан Мбапе како што стојат работите ќе замине освен ако не се случи некој голем пресврт, па во Париз во Кварцхелија гледаат одлично засилување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најавите се дека во ПСЖ се спремни да понудата и сума од 100 милиони евра за да го убедат Наполи да го ослободи.
Сезонава Кварацхелија не блеска во Наполи и игра послабо во однос на минатата. Засега тој е на бројката од десет гола и девет асистенции на 42 натпревари.