Неодамна во медиумите се појави информација дека Килијан Мбапе се договорил со ПСЖ, да не биде обврзан да плаќа данок, односно тоа да го прави ПСЖ.
Германски „Шпигл“ овие денови објави информации поврзани со договорите на фудбалерите, а на „тапет“ се најде и Мбапе. Информацијата на „Шпигл“ стигна и до самиот фудбалер, кој ги демантира таквите информации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај тоа Германците тврдат дека Мбапе во својот договор издејствувал клазула според која ПСЖ би требало да му плати огромна оштета доколку клубот биде казнет од страна на УЕФА со неиграње во Лигата на шампионите.
„Пред се сакам да ги демантирам лажните информации во врска со моето неплаќање данок. Не е точно дека сум барал клубот да ми го плаќа данокот, износот од 10 милиони евра го плаќам сам. Финансиските услови кога преговарав со ПСЖ ми беа во втор план, сакав клуб во кој ќе можам најдобро да се развивам“, изјави Мбапе.