Дома Топ вести Мбапе: Бев разочаран кога ми пропадна трансферот во Реал Мадрид

Мбапе: Бев разочаран кога ми пропадна трансферот во Реал Мадрид

Килијан Мбапе на крајот на сезоната скоро сигурно ќе го напушти ПСЖ.

Договорот на Мбапе истекува на лето 2022 година и најавите се дека тогаш би требало да се пресели во Реал Мадрид. Мбапе сега призна дека бил разочаран кога минатото лето му пропаднал трансферот во Реал.

„Си поставувв себеси многу прашања после Еуро. Разговарав со родителите кои ми зборуваа дека треба да бидам фокусиран само на теренот. Сфатив дека сакам да заминам и дека сакам нов предизвик. Бев разочаран од пропаднатиот трансфер во Реал Мадрид, но јас Парижанин. Дома сум, не играм трета лига, туку се борам за Лигата на шампионите. Во иднина што и да се случи, сигурно ќе играме за голем клуб“, изјави Мбапе.

Оваа сезона Мбапе во 20 натпревари за ПСЖ постигна девет голови и подели 12 асистенции. Неговиот тим се наоѓа на врвот во Лига 1 и обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Mбапе како тинејџер: Не доби топка, па престана да трча 🎥

Килијан Мбапе летово го продолжи договорот со ПСЖ и доби голем број привлегии, а таквиот с…