Дома Фудбал Англија Матиќ херој за „Црвените ѓаволи“: Кристал Палас ги изгуби бодовите во 92′ (ВИДЕО)

Матиќ херој за „Црвените ѓаволи“: Кристал Палас ги изгуби бодовите во 92′ (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Јунајтед вечерва во рамки на Премиер лигата гостуваше кај Кристал Палас каде во самиот финиш успеа да дојде до трите бода славејќи со 2:3.

Имено, резултатот го отворија домашните преку Таунсенд во 11. минута, по што се замина со ваков резултат на полувреме.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во вториот дел Кристал Палас успеа да го зголеми водството, кога Ван Ахолт во 48. минута беше прецизен во противничкиот гол, а потоа Манчестер Јунајтед се разбуди.

Во 55. минута Смолинг го намали водството, а во 76. минута Лукаку успеа да го израмни резултатот.

И кога сите мислеа дека резултатот ќе остане непроменет, Матиќ во 92. минута направи пресврт за нови три бода на „Црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Драма на аукција: Оделото на Јута Лердам продадено за вистинско богатство!

Холандската ѕвезда во брзо лизгање, Јута Леердам (27), која се прослави во Италија на Зимс…