Македонија денес го игра клучниот натпревар на Светското првенство.
Од 18:00 часот против Исланд е натпреварот да се биде или не за нашите ракометари. Математиката е јасна – ако сакаме во топ 12 ни треба победа!
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доколку одиграме реми или Исланд победи тие одат понатаму. Во таква ситуација сме поради високите порази од Шпанија и Хрватска, па Исланд има подобра гол-разлика.
Оваа разлика може да штети и во следната фаза (ако се пласираме), но барем сега имаме свежина за Исланд.
Победата против Исланѓаните ќе значи влез во топ 12 и три нови натпревари против Франција, Германија и многу веројатно Бразил.
Поразот или ремито кое не го посакуваме ќе значи дека ќе бидеме четврти и ќе играме против четвртопласираната селекција од Берлин, тоа би требало да биде Русија. Доколку велеземе во оваа непосакувана ситуација ќе се пласираме од 13-тата до 16-тата позиција. За да бидеме 13-ти ќе ни биде потребна и втора победа.
Во тој натпревар би играле со репрезентациите кои се четвртопласирани од Хернинг и Копенхаген, според сегашната ситуација тоа ќе бидат Чиле, Катар или Аргентина.