Дома Македонски спорт Математика: Ова се опциите за пласман на Македонија во четвртфиналето на Светското првенство

Математика: Ова се опциите за пласман на Македонија во четвртфиналето на Светското првенство

Женската ракометна репрезентација до 18 години има добри шанси да се пласира помеѓу најдобрите осум во светот.

Вечерва Македонија игра против Исланд од 20:30 часот. За Исланѓаните овој натпревар нема резултатско значење затоа што веќе се пласирани во четвртфиналето. Тие се први во групата со четири бода, еден повеќе од нас, Шведска е трета со еден бод и претставува закана за второто место кое не носи во помеѓу најдобрите осум.

Опциите за наш пласман во четвртфиналето се следните:

Ако го победиме Исланд продолжуваме во четвртфиналето како први од нашата група и за противник ќе ја добиеме репрезентацијата која е втора од групата 3.

Со нерешено ќе се пласираме во четвртфиналето како второпласирани што значи ќе се соочиме со првата селекцијата од групата 3, тоа ќе б иде најверојатно Јужна Кореја, репрезентација која има 100% ефект досега на СП.

И со пораз би можеле да се пласираме во четвртфиналето, но тогаш ќе зависиме и од другиот натпревар во нашата група и ќе се бори гол-разликата. Македонија во овој момент има +12, а Шведска -5. Шведска и Иран играат од 18:30 часот па затоа нашата репрезентација предвреме ќе знае со каков пораз би се пласирале.

Сепак, најдобрата опција е победата и продолжување во следната фаза како првопласирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа🎥

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Ајнтрахт и го освои Суперкупот на Европа,…