
Вардар нема многу време за одмор после вчерашниот натпревар против Монпелје утре го чека нов предизвик и тоа против Нексе во Нашице во рамките од СЕХА лигата.
Ракометарот на Вардар, Мартин Карапалевски очекува тежок натпревар.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Нексе е одличен тим кој игра цврста одбрана и гостувањето ќе биде многу тешко имаме малку време да се спремиме и да ги корегиране грешките од Скопје но секако одиме на победа. Игравме тежок меч во Франција и мораме да продолжиме да играме на високо ниво“, изјави Карапалевски.
Нексе и Вардар играат утре од 20:00 часот.