Италијанскиот гигант Јувентус покажува сериозен интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Французинот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат на лето, а најсилен интерес за Французинот покажува токму Јувентус кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Марсијал на лето влегува во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 20 милиони евра.
Јувентус на лето најверојатно ќе го продаде Влаховиќ, а Алегри смета дека Марсијал ќе биде идеална замена за Србинот.