Дома Фудбал Англија Марковиќ спасот на кариерата ќе го бара во Фиорентина?

Марковиќ спасот на кариерата ќе го бара во Фиорентина?

Српскио фудбалер Лазар Марковиќ спасот за својата кариера би можел да го бара во Фиорентина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој брзоног офанзивец веќе долго време не добива шанса во Ливерпул, каде во 2014. година пристигна од Бенфика, па во британската јавност се почесто се шпекулира дека неговата епизода на Енфилд ќе заврши во зимскиот преоден рок.

Според медиумите во Италија најсериозен интерес за неговиот потпис има Фиорентина. Клубот од Фиренца веќе ги контактирал Црвените и во наредните денови би требало да ги започнат преговорите за евентуален трансфер.

Во случај трансферот да се реализира, тоа ќе биде прв трансфер во Серија А. Претходно покрај Ливерпул играше уште за Фенербахче, Спортинг, Хал и Андерлехт.

Инаку, договорот на Марковиќ со Ливерпул е со важност до летото наредната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…