
Килијан Мбапе како што изгледа конечно на лето по седум години ќе го напушти Пари Сен Жермен и ќе се пресели во Реал Мадрид, секакво поинакво сценарио би било изненадување и пресврт.
Секој преоден рок изминатите години Мбапе се поврзуваше со Реал Мадрид, па така денеска шпанска „Марка“ изработи фантастична насловна страна за крај на оваа трансфер сага.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Новинарите на „Марка“ во една насловна страна ги ставија сите претходни насловни страни каде што се пишуваше за Мбапе и Реал Мадрид.
„Потпиша, Мбапе ќе биде играч на Реал Мадрид во идните пет години“, стои покрај ваквата насловна.
