Еурофарм Пелистер денес го очекува тежок двомеч против Нексе од Нашице во рамките од осминафиналето во Лигата на Европа.
Ракометарот Матео Мараш најави дека сите ќе дадат се од себе за позитивен резултат во Нашице.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се спремавме за Вардар и добро се подготвивме и ништо помалку не очекувам и за дуелот во Нашице. Спремни ќе бидеме и ќе оставиме срце на терен. Нексе е незгоден ривал, имаат добра транзиција, цврсти се во одбрана, играат на многу голови и тоа се некои работи кои треба да им ги затвориме за на крајот да победиме.
Овој прв натпревар од двомечот се игра денес од 18:45 часот.
Фото: РК Еурофарм Пелистер