Mинатото лето Александар Исак пристигна во Њукасл како најскапо засилување во историјата на овој клуб за 70 милиони евра од Њукасл.
Во Њукасл му оди одлично и на 23 натпревари постигна 11 гола, а сигурно дека бројките ќе му беа подобри акјо не беше надвор од терените три ипол месеци поради повреда. Во вчерашниот натпревар против Евертон тој блесна и со една мајсторија каква што не се гледа често.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се играше 74-тата минута кога изведе маестрален солопродор за потоа да асистира до својот соиграч, Џејкоб Марфи на кого не му беше тешко да ја погоди мрежата.
„Исак беше Марадона, Златан и Бензема во едно“, гласеше описот на „Марка“ за овој потег.
Дефинитивно ова е главниот кандидат за асистенција на сезоната.
Alexander Isak, Everton’ı üzüyor. pic.twitter.com/hPHPjvKtn1
— Pusholder Sport (@pusholdersport) April 27, 2023