Дома Фудбал Останато Манчини: Вардар има одлична одбрана, но ние се надеваме на гол и победа

Манчини: Вардар има одлична одбрана, но ние се надеваме на гол и победа

0
mancini

Натпреварот против Вардар и Зенит се игра утре со почеток од 21:05 часот, а денес прес конференција за медиумите одржаа тренерот на рускиот тим, Роберто Манчини и фудбалерот на Зенит Александар Јорков.

„Во натпреварот против Вардар влегуваме со голема доза на сериозност, ја анализиравме играта и пред нас имаме одличен тим. По повредата успеав да се рехабилитирам и да се вратам на теренот“, изјави Александар Јорков.

„Сите играчи се подготвени за утрешниот натпревар освен Перез и Шахов, кои се повредени.Како и што спомена Јорков, го анализиравме Вардар, ќе биде тешко, особено на првиот натпревар, нивна силна страна е одличната одбрана. Не мислам дека за нас е проблем тоа што Вардар во овој натпревар влегува без можност да загуби нешто, натпреварот против Динамо беше само еден лош ден на нашите играчи. Нашата цел во овој натпревар како и секогаш ќе биде победа“, изјави Манчини

 

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Останато

Проверете

Видео: Нејмар погодуваше, но и „кроеше“ мрежички

Фудблаерот на Селтик Џејмс Форест лошо помина во еден од дуелите со најскапиот фудбалер во…