
Манчестер Јунајтед минатото лето го доведе Рафаел Варан од Реал Мадрид, а сега сака уште една ѕвезда на „кралскиот“ клуб.




„Црвените ѓаволи“ на лето ќе добијат нов тренер и ќе направат реконструкција на тимот, посебно на средниот ред.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Медиумите на Островот пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Каземиро.




Наводно „кралевите“ се спремни да го продадат Бразилецот доколку пристигне добра понуда за него и веќе му бараат замена.




Каземиро сигурно би бил големо засилување за „црвените ѓаволи“ и одлична замена за Матиќ кој ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“.