Раководството на Манчестер Јунајтед спрема нови договори за тројца важни фудбалери, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Станува збор за младиот талент Алехандро Гаранчо, дефанзивецот Диого Далот и напаѓачот Маркос Рашфорд.ж
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Преговорите со 18-годишниот Гаранчо, чиј договор истекува на крајот на сезоната веќе се започнати и се на добар пат да бидат финализирани.
Што се однесува до договорите на Далот и Рашфорд, исто така истекуваат на крајот на сезоната, но Јунајтед има опција да ги продолжи еднострано на уште една година.
Клаузулите сигурно ќе бидат активирани, но раководството сака да им понуди долгорочни договори на двајцата фудбалери, бидејќи Тен Хаг смета дека се многу важни за неговиот тим.