Бразилскиот репрезентативец Каземиро не е задоволен од тоа како се одвиваат работите во Манчестер Јунајтед и сака да си замине од „Олд Трафорд“.
Тој не е во добри односи со тренерот Тен Хаг и жали што го напушти Реал Мадрид за да се пресели во Манчестер Јунајтед, кој и оваа сезона има слаби резултати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед исто така ја разгледува можноста да го продаде Бразилецот и да заработи на негово заминување.
31-годишниот играч за врска пристигна во Манчестер во летото 2022 година за сума од 70 милиони евра, но никогаш не пружи игри како тие во Мадрид.
Најсилен интерес за Каземиро покажуваат клубовите од Саудиска Арабија, кои нема да жалат пари да го доведат уште во јануари.
🚨 Manchester United will consider cashing in on Casemiro, who is being targeted for a big-money move to Saudi Arabia.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 14, 2023
Sir Jim Ratcliffe is believed to be open to offers for him to help fund a rebuild.
(Source: @alex_crook) pic.twitter.com/xuHz4eyh5S