Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед одлучи: Ова е цената која Интер треба да ја плати за Санчез

Манчестер Јунајтед одлучи: Ова е цената која Интер треба да ја плати за Санчез

Aко им веруваме на италијанските медиуми Манчестер Јунајтед ја соопштил цената на Интер за откуп на Алексис Санчез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на „Газета дело Спорт“ Манчестер Јунајтед бара сума од околу 20 милиони евра за Санчез и тоа ќе биде сумата која треба да ја плати Интер ако сака во целост да го откупи неговиот договор.

Санчез во Интер по рестартот на сезоната покажа знаци на враќање во форма и успеа да постигне еден гол и да додаде пет асистенции, па ќе видиме дали Интер ќе се реши да го откупи.

Споменатиот медиум тврди дека Санчез направил доволно и заслужува „нероаѕурите“ да го откупат договор. Кога во прашање е самиот фудбалер тој повеќе сака да остане во Милано отколку да се врати во Англија.

Одлуката каде ќе игра Чилеанецот наредната сезона останува на раководството на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…