Манчестер Јунајтед сака до крајот на преодниот рок да се раздели со неколку фудбалери кои се „вишок“ во тимот, а еден од нив е Маркос Рохо.
Аргентинецот беше блиску до трансфер во Евертон, но трансферот пропадна бидејќи „карамелите“ го сакаа Рохо на позајмица, а „црвените ѓаволи“ преферираат трајно да „се решат“ од него.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Солскјер нема да смета на Рохо, кој пак неделно заработува 130.000 фунти, па поради тоа Јунајтед е спремен на СЕ, само да се ослободи од него.
Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ е спремно да да склучи договор со играчот, за да му плати поголем дел од сумата според договорот и да го раскине истиот.
Тоа ќе значи слобода за Рохо да потпише со друг клуб како слободен играч. Самиот дефанзивец очекува да се пресели во Шпанија или Италија, каде се уште е отворен трансфер пазарот.
Man United 'ready to pay Marcos Rojo to leave the club as they get ready for discussions to end his £130,000-a-week deal two years early' https://t.co/PKftF9oQFR pic.twitter.com/oh5KsXj6IG
— MailOnline Sport (@MailSport) August 18, 2019