Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед доведе нов голман

Манчестер Јунајтед доведе нов голман

Манчестер Јунајтед во последниот ден од преодниот рок доведе засилување на голманската позиција.

Нов голман на „црвените ѓаволи“ ќе биде Мартин Дубравка кој пристигнува од редовите на Њукасл. Секако Дубравка пристигнува да биде резерва на Де Геа кој и понатаму ќе биде првиот избор. на голот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Јунајтед Дубравка пристигнува на позајмица со право на откуп наредната сезона. Финансиските детали од трансферот засега не се објавени.

Манчестер Јунајтед ќе биде најголемиот предизвик за Дубравка со оглед на тоа што претходно го чуваше голот на Жилина, Есбјерг, Слован Либерец и Спарта Прага. Во Њукасл е од 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанските гиганти го сакаат дефанзивецот на Челзи

Рома и Наполи се силно заинтересирана за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, прене…