Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед во аут, Челзи во полуфиналето на ФА купот заедно со…

Манчестер Јунајтед во аут, Челзи во полуфиналето на ФА купот заедно со…

Челзи ја комплетира големата четворка во англискиот ФА куп. Лондонските „сини“ вечера го совладаа Манчестер јунајтед со 1:0 и се придружија на Манчестер сити, на Арсенал и на Тотенхем во полуфиналето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Стрелец на единствениот гол на „Стемфорд бриџ“ беше францускиот репрезентативец Нголо Канте во 51 минута. Неговиот удар, по додавање на Вилијан, задоцни да го блокира Пол Погба, „момчето од 100 милиони“, а Де Геа беше фатен на крива нога и не успеа да ја сочува сопствената мрежа.

Трагичар на натпреварот беше Шпанецот Андер Ерера кој собра два жолти картона до 35 минута и ги остави соиграчите во нерамноправна положба на теренот во наредниот час игра.

ФА куп, четврт-финале, резултати:

Челзи – Манчестер јунајтед 1:0

Тотенхем – Милвол 6:0

Арсенал – Линколн 5:0

Мидлсборо – Манчестер сити 0:2

Полуфинале ФА Куп:

Челси – Тотнем
Арсенал – Манчестер Сити

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА на помалку еден месец до почеток исфрли судија од Мундијалот!

ФИФА презеде драстичен чекор пред претстојното Светско првенство, откако одлучи да го отст…