Дома Трансфер зона Манчестер Сити тргнува по Мбапе?!

Манчестер Сити тргнува по Мбапе?!

Манчестер сити има потреба од нов напаѓач, и тоа го изјави самиот Пеп Гвардиола. Тој нема човек каков што е пример Ромелу Лукаку во Челси, но наводно богатите газди ќе се обидат да го земат Килијан Мбапе.

Се шпекулира дека во јануари Манчестер сити ќе понуди многу пари за да го купи Мбапе од ПСЖ, па така очигледно Реал Мадрид ќе остане со празни раце.

Мбапе има договор со ПСЖ до следниот јуни, а веќе одби понуда од 50 милиони евра плус бонуси за да стави потпис на нова соработка. Манчестер сити може да ја искористи ситуацијата и да му понуди повеќе од 30 милиони евра за плата, затоа што толку нудеше Реал, а француските медиуми пишуваат дека „граѓаните“ се во предност кога станува збор за иднината на Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Толисо пред трансфер во Тотенхем

Плејмејкерот на Баерн Минхен, Корентин Толисо е блиску до трансфер во Тотенхем, пренесува …