Дома Фудбал Франција Макрон лично го убедувал Мбапе да не заминува од ПСЖ

Макрон лично го убедувал Мбапе да не заминува од ПСЖ

Иако трансферот на Мбапе во Реал Мадрид изгледаше како завршена работа, фудбалерот изненади со последната изјава дека ништо не е одлучено и дека може да остане во ПСЖ.

„Се уште не сум донел одлука и тоа го знаат сите. Размислувам заедно со моето семејство. Има нови елементи и парамтери што треба да се разгледаат пред да ја донесам конечната одлука. Кога ќе одлучам, тогаш ќе соопштам. Не сакам да направам грешка во важен период од мојата кариера, сакам да ја донесам најдобрата одлука. Дали постои можност да остана во ПСЖ? Да, секако дека е тоа е можно“, гласеше последната изјава на Мбапе по натпреварот против Лориент.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Денес во медиумите во Франција беше објавено и дека најголемите државници разговарале со Мбапе и го убедувале да остане во ПСЖ. Според информациите, лично Емануел Макрон и емирот од Катар деновиве имале разговор со фудбалерот.

Наводно, ПСЖ покрај богатиот договор му ја ветил и капитенската лента за наредната сезона. Иднината на Мбапе ќе биде позната во наредните месеци до крајот на сезоната, па ќе видиме дали е можен пресврт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…