Македонските одбојкари изборија пласман на завршниот турнир во Европската лига.
Македонија во првото коло, на вториот турнир кој во петокот започна во Тирана, славеше над Шведска со 3:0 (25:16, 25:22, 32:30). Со оглед на тоа дека минатата недела во Скопје одбојкарите победија на трите натпревари и со првиот триумф во Тирана тие веќе се пласираа на завршниот турнир.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Македонија во изминатите две години на завршните турнир во Европската лига играше во финалето, но не успеа да го освои ова натпреварување.
Одбојкарите в сабота ќе играат против Азербејџан, а в недела против домаќинот Албанија.