Maкедонската голманка Бисера Паскал која брани во Израел за Бнеи Херцелија прикажува одлични настапи.




После паузата Паскал и нејзиниот тим се вратија на терените во рамките од третата рунда и во ова коло претрпеа минимален пораз од Хапеол Рижон со 29:30. Паскал иако беше одлична на голот сепак не успеа да го спречи поразот.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
На овој меч таа забележа фантастични 17 одбрани со процент на одбранети удари од 41%. Противничките ракометарки испратија 41 удари кон нејзиниот гол, а таа одбрани 17.




Сосема заслужено таа беше прогласена за голман на колото и тоа вторпат сезонава во израелскиот шампионат. Поразот од Хапоел за тимот на Бнеи Херцелија беше прв сезонава.