Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија – Шведска: Десеткуваната Шведска е добра можност за старт со победа на Мундијалот

Македонија – Шведска: Десеткуваната Шведска е добра можност за старт со победа на Мундијалот

Македонија како прва резерва доби шанса да игра на Светското Првенство во ракомет во Египет, но тоа во никој случај не е незаслужено, ако се знае дека пандемијата поради КОВИД-19, ги одложи бараж натпреварите и Лазаров и дружината не добија шанса на теренот да обезбедат уште еден Мундијал.

Прв противник е Шведска која во нормални околности ќе беше голем фаворит. Според букмејкерите швеѓаните се фаворити и сега, но селекцијата од скандинавија преполовена допатува во Африка и без своите најдобри ракометари, што е голема шанса за нашата селекција пред најтешкиот меч во групата, оној од второто коло против главниот фаворит Египет.

Времето најтежок противник за Македонија

Најголем проблем за македонските ракометари ќе биде заморот од патувањето и сите процедури во Египет.

Иако бевме на готовс, сепак по поканата од ИХФ за настап на Мундијалот, нашата експедиција мораше за кратко време да се подготви. По пристигнувањето во Каиро каде е базата на „црвено-жолтите“веднаш ќе мора да се тестираат сите ракометари, прво со брзи тестови, а потоа ќе направат и ПЦР-тестови, до добивањето на резултатите, ракометарите ќе мора да бидат во карантин во хотелот, во кој ќе бидат сместени.

Ова значи дека времето за подготовка е кратко. Македонија нема да има ниту еден тренинг пред дуелот со Шведска и нема да има воопшто време за да се аклиматизира на климата во Африка.

Ако на ова се додаде и тоа што Македонија е подмладена и ослабена пред Светското првенство, тогаш јасно е зошто нашата селекција е трет фаворит во оваа група. Селекторот Брестовац, нема да може да смета на првите две крила Дејан Манасков и Гоце Георгиевски и тоа е најголемиот хендикеп за Македонија. На овој мундијал нема да настапи ниту првиот голман Борко Ристовски. Ќе го нема ниту Марковски во одбраната, а дополнителен хендикеп за нас е тоа што Лазаров и Стоилов не се подготвуваа како останатите и не ги одиграа двата пријателски натпревари против Чиле во Скопје.

Можеби последно големо натпреварување за Лазаров

Со самото учество на Македонија на шампионатот во Египет, нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров доби шанса својата репрезентативна бајка на големите натпреварувања да ја заврши токму таму каде што ја почна пред 22 – години, во Египет. Патот до ѕвездите Лазаров го почна на Светското првенство во Египет во 1999 година, како 19 – годишното момче кое се сметаше за најголем талент во македонскиот ракомет. Тоа се покажа како вистински потег, бидејќи подоцна Лазаров стана еден од најдобрите ракометари во светот. Македонскиот „бомбардер“ во меѓувреме стана најдобар стрелец на сите светски првенства, а сега доби шанса бајката од мундијалите да ја заврши токму во земјата на фараоните.

Швеѓаните без половина тим на СП

Шведска во некои други, или подобро кажано во нормални околности ќе беше фаворит во групата, но Швеѓаните нема да сметаат дури на деветмина стандардни репрезентативци, а имаат и селектор дебитант. Од таа гледна точка, не изненадува фактот што според букмејкерите главен фаворит во групата Г е домаќинот Египет.

Швеѓаните на мегдан со нашите ракометари ќе се појават без Никлас Егберг, Јаспен Нилсен, Андреас Нилсон, Линус Арнесон, Лукас Нилсон. Сите тие се загрижени за своето здравје и не сакаа да ризикуваат и да одат во Египет. Ќе ги нема и повредениот голман Мајкл Апелгрен како и заразените од корона-вирус Јагергрен и Линдског.

Од оние најискусните, против Македонија ќе се појават единствено Џим Готфридсон и Хампус Ване кој секако се далеку од квалитетот на Екберг, Нилсен …

Швеѓаните пред почетокот на Мундијалот требаше да одиграат две квалификациски средби за Евро 2022 со Црна Гора, но и двете беа откажани поради тоа што пивотот Антон Линдског беше позитивен. Тие во Африка отпатуваа без ниту еден контролен меч.

Шведска има десетина играчи кои првпат ќе играат на едно СП и тука е шансата за Македонија да се обиде да триумфира и во втората фаза да влезе со пренесена убава бодовна залиха.

Сепак, скандивавскиот состав, зад себе има неверојатни 22 медали од Олимпијади, Европски и Светски првенства (4 европски и 4 светски злата) и тоа само по себе укажува на какво ниво е ракометот во Шведска.

Наш предлог:

Да паднат Над 50.5 гола @ 1.51 во 1хBet

Хендикеп -4.5 @ Победа на Македонија @ 1.71 во 1хBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Томовски: Разликата не е реална, Словенија ги казни крешките

Македонија со висок пораз од Словенија (31:21) ја отвори втората фаза од Мундијалот во Еги…