Дома Останати Ракомет Македонија Хрватска ја има победено само еднаш и тоа со Пепи Манасков

Македонија Хрватска ја има победено само еднаш и тоа со Пепи Манасков

Македонија денес го игра третиот натпревар на Светското првенство, а за противник ќе ја имаме селекцијата на Хрватска.

Традицијата кога во прашање е меѓусебните дуели со оваа репрезентација воопшто не ни оди во прилог.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Хрватска ја имаме победено само еднаш во официјален натпревар и тоа пред 22 години. Таа победа ја остваривме во СРЦ „Кале“ кога генерацијата на Пепи Манасков и Иван Марковски го сруши олимпискиот шампион и се пласираше на ЕП во Италија.

Против Хрватска имаме одиграно вкупно пет натпревари.

ХРВАТСКА – МАКЕДОНИЈА 37:27 (Квалификации за ЕП 02.11.1997)

МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА 31:29 (Квалификации за ЕП 30.10.1997)

ХРВАТСКА – МАКЕДОНИЈА 28:21 (Европскот првенство 01.06.1998)

МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА 26:29 (Светско првенство 21.01.2015)

МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА 24:34 (Европско првенство 21.01.2016)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна п…