Македонските одбојкари вчера со убедлива победа ја стартуваа Сребрената лига откако во „Борис Трајковски“ беа подобри од БиХ со 25:16, 25:17 и 25:23).
Македонија беше далеку подобар ривал и тоа го покажа на теренот, нашите одбојкари ја користеа секоја можност да дојдат до поен на сервис на противникот. Посебно нашиот квалитет до израз дојде во првите два сета додека во вториот дојде до мало опуштање. Сепак одлично го приведовме мечот кон крајот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За новиот селектор на Македонија Ратко Павличевиќ ова беше прва победа и тоа против Драган Ниоколиќ кого го наследи на селекторската позиција, а сега тој ја води селекцијата на БиХ.
Следниот противник на Македонија Романија в сабота од 13:00 часот на гостински терен. Следниот домашен натпревар ќе го играме против Албанија на 1. јуни.