Дома Фудбал Репрезентации Македонија – Исланд на Арената по цена од 150 до 300 денари!

Македонија – Исланд на Арената по цена од 150 до 300 денари!

Денес во Фудбалската федерација на Македонија се одржа седница на управниот одбор и на истата беа донесени одлуките за цената на влезниците на репрезентациите за натпреварите кои следат.

 У.О. на ФФМ донесе одлука за утврдување на цените на влезниците за домашните натпревари на македонската А репрезентација, репрезентацијата до 21 година и женската А репрезентација.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


А репрезентација: МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД 

Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 14. ноември 2021.,18:00 часот

Влезници по цена од 150 и 300 денари за јужна и северна трибина преку продажната мрежа на MKTickets;

Репрезентација до 21 година: МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА 

Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 16. ноември 2021.,18:30 часот
Влезници по цена од 100,150 и 200 денари за јужна и северна трибина преку продажната мрежа на MKTickets;

Женска А репрезентација: МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ

Охрид, стадион „Билјанини Извори“, 26. октомври 2021., 13:30 часот

Влезници по цена од 100 денари на билетарата на стадионот „Билијанини Извори“;

Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид е ограничен согласно мерките на Владата на Република С. Македонија утврдени за заштита од коронавирусот за присуство на гледачи на трибините.

Покрај тоа беа донесени и следните одлуки:

– У.О. на ФФМ донесе одлука за измени на правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери на ФФМ поврзани со права на фудбалери во женска конкуренција;

– У.О. на ФФМ донесе одлука за реконструкција (поставување нова тревна подлога со вештачка трева) на теренот со вештачка трева на стадионот во Ѓорче Петров; 

– У.О. на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во Втора футсал лига и делегатската листа за футсал натпреварувањето; 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вардар со победа во Битола се врати на врвот! (Видео)

Фудбалерите на Вардар повторно ја потврдија доминацијата во „вечното дерби“, откако по тре…