Дома Македонски спорт Македонија ги дозна можните ривали за баражот за СП 2023

Македонија ги дозна можните ривали за баражот за СП 2023

Денес македонската ракометна репрезентација ги дозна последните три репрезентации меѓу деветте кои можат да ни се паднат во првото коло за баражот за СП 2023.

Внимание привлекува Италија, а терминот за бараж е на 14. и март. Па така постои можност во март да играме два баражи со Италија за пласман на СП. Веќе е познато дека фудбалерите ќе играат против Италија на 24-ти март во Палермо.

Кај фудбалерите Италија не беше посакуван противник, но со ракометарите е поинаку. Италија е посакуван ривал. Покрај Италијанците вчера последниот воз за баражот го фатија Фарски Острови и Белгија. Од претходно место имаа обезбедено: Швајцарија, Романија, Грција, Израел, Естонија и Финска.

Ждрепката ќе биде на последниот викенд од ЕП 2022 и тогаш ќе ја дознаеме првата пречка на патото до СП 2023 кое се игра во Полска и Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без влезница се обидувале да влезат на стадионот! 🎥

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид не започна во 21 часот како…