Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Голови на сите страни, Тотенхем „гази“, Наполи падна под Везув! (Видео)

ЛШ: Голови на сите страни, Тотенхем „гази“, Наполи падна под Везув! (Видео)

totenham real madrid

Вечерва со почеток од 20:45 се одиграа седум натпревари во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите, во кои стрелците беа посебно расположени.

Во дербито на вечерта кое се играше во Лондон, Тотенхам го „прегази“ Реал Мадрид со убедливи 3:1. Тотенхем од самиот старт започна одлично, а ваквата игра на „петлите“ се исплатеше во 27 минута кога Деле Али успеа да ја погоди мрежата на Кико Касиља. Токму овој погодок сигруно ќе крене огромна „прашина“ бидејќи беше постигнат од очигледна офсајд позиција.

До крајот на полувремето резултатот не се менуваше. Стартуваше вториот дел, Реал започна подобро создаде неколку прилики, но сепак без реализација. Деле Али повторно стапи на сцена во 56 минута од средбата и погоди за 2:0. По овој погодок „кралевите“ тргнаа со сите сили кон голот на домаќините, најголемата шанса ја пропушти Серхио Рамос кој во една мешаница шутираше, а топката пред самата гол линија го погоди неговиот соиграч Кристиано Роналдо. Ериксен нешто подоцна зголеми на веќе убедливи 3:0, а за погодок на утеха во редовите на Реал се погрижи Кристиано Роналдо на десетина минути пред крајот на средбата.



Наполи на свој терен во натпревар со пет погодоци беше поразен од Манчестер Сити со резултат 2:4. Наполитанците дојдоа први до водство после една прекрасна акција на Дрис Мартенс и Лоренцо Инсиње. „Граѓаните“ до изедначување успеаа да стигна во 34 минута кога нафрлувањето на Гундоган го искористи Николас Отаменди.

На самиот старт на вториот дел Стоунс погодува за целосен пресврт на англискиот клуб. Домаќините до изедначување стигнаа во 62 минута преку Жоргињо со удар од белата точка. За нова предност на „граѓаните“ се погрижи Кун Агуеро, а победата во самиот финиш ја потврди Рахим Стерлинг.

Наполи после овој пораз останува на третата позиција со само три освоени бодови, додека Шахтјор се наоѓа на втората позиција со шест бода повеќе пред последните две кола.





Екипата на Јирген Клоп која во минатото коло запиша убедлива победа од 0:7 против истиот противник, Марибор, денес славеше, но само со 3:0. Салах кој игра извонредно и беше избиран за играч на колото во минатите две кола во Лигата на шампионите погоди во 49 минута. Милнер во 53 минута не реализираше пенал. За сигурна победа се погрижија Емре Чан и Даниел Стариџ.

Во останатите натпревари Дортмунд одигра само 1:1 против АПОЕЛ, Шахтјор славеше со 3:1 против Фејенорд, Севиља ја совлада Спартак Москва со 2:1, додека Порто со 3:1 како и Шахтјор со 3:1 беше подобар од Лајцпиг.

Во терминот од 18:00 часот Бешикташ и Монако одиграа 1:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Преговорите започнаа, Конте спремен да го преземе Манчестер Јунајтед

Италијанскиот стратег Антонио Конте е спремен да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед …