Дома Фудбал Италија Лукаку призна: Бев блиску до Јувентус, но потпишав за Интер поради…

Лукаку призна: Бев блиску до Јувентус, но потпишав за Интер поради…

Ромалу Лукаку ова лето го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Интер каде блеска оваа сезона во Серија А.

Белгиецот после лошата сезона на „Олд Трафорд“ реши да го напушти клубот, а голема битка за неговиот потпис водеа италијанските гиганти Интер и Јувентус.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Лукаку потврди дека бил блиску до трансфер во Јувентус и откри зошто се одлучил да потпише за Интер.

„Интер и Јуве се натпреваруваа за мене. Бев блиску до премин во двата клуба, но се одлучив за Интер, затоа што Антонио Конте е вистинскиот стратег. Тој знае како да се однесува со играчите и од него научив многу лекции“, истакна Лукаку.

„Уште како дете Интер беше мојот клуб во Италија. Го следев примерот на Андриано и Роналдо. Кога ме контактираше Интер, клубот и тренерот Конте, кој своевремено сакаше да ме ангажира во Челзи и Јувентус, помислив дека е вистинско време да заминам таму и да работам напорно“, додаде напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан спрема трансфер „бомба“

Бернардо Силва неодамна даде на знаење дека би можел да го напушти Манчестер Сити по истек…