Дома Фудбал Репрезентации Лукаку: Не ме споредувајте со Роналдо, тој е во најдобрите тројца во историјата

Лукаку: Не ме споредувајте со Роналдо, тој е во најдобрите тројца во историјата

Белгиската ѕвезда Ромелу Лукаку ги повика новинарите да не го споредуваат со Кристиано Роналдо.

Роналдо стана најдобриот стрелец на меѓународни натпревари во историјата со 111 постигнати гола за португалската репрезентација.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Лукаку има 66 гола за Белгија, а вечерва ќе го одигра јубилејниот 100-ти натпревар за белгиската репрезентација.

„Не ме споредувајте со Кристиано Роналдо никогаш. За мене Кристиано е во Топ 3 фудбалери во историјата на фудбалот. За играчите од мојата генерација тоа што тој го постигнал е нешто исклучително“, изјави Лукаку.

Двајцата беа големи ривали во Серија А минатата сезона, а оваа сезона исто така ќе бидат ривали, но во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи го официјализира трансферот на Милинковиќ-Савиќ

Голманот Вања Милинковиќ-Савиќ се пресели од Торино во Наполи на заем, соопштија од клупск…