Дома Фудбал Репрезентации Лукаку: За Бензема, Левандовски и Кејн се зборува дека се светска класа, а за мене дека сум во добра форма

Лукаку: За Бензема, Левандовски и Кејн се зборува дека се светска класа, а за мене дека сум во добра форма

Ромелу Лукаку и Белгија имаат одлични резултати на Европското првенство, но во осминафиналето ќе мора да играат против Португалија.

На прес-конференцијата пред овој натпревар Лукаку порача дека сака на него да се гледа како фудбалер од светска класа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога луѓето зборуваат за Левандовски, Бензема или Хари Кејн ќе кажат дека тоа се играчи од светска класа, а за мене дека сум во добра форма. Тоа ме мотивираше да работам напорно, сега верувам дека припаѓам на листата фудбалери од светска класа“, изјави Лукаку.

Лукаку откри што би сакал од играта на Роналдо да има тој.

„Неговиот дриблинг и шут се нешто што ми се допаѓаат, а мислам дека тој би ја сакал мојата моќ која ја поседувам на теренот и начинот на кој се снаоѓам во казнетиот простор“, истакна 28 годишниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…