Дома Трансфер зона Луис Енрике го избрка од Барса, Чави сака да го врати

Луис Енрике го избрка од Барса, Чави сака да го врати

Барселона сака да ја засили левата бековска позиција, па би можела да го врати „своето дете“.

Чави сака младиот Алехандро Балде да биде испратен на позајмица, а на негово место да биде доведен нов лев бек, кој ќе биде алтернатива за Жорди Алба.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека клубот ќе се насочи кон Алекс Грималдо од Бенфика. Тој е дете на Барселона и беше дел од младиот тим до 2016 година кога се пресели во Бенфика.

Тогаш Луис Енрике не му даваше шанса во првиот тим, па Грималдо се пресели во Португалија каде доживеа фудбалска афирмација.

Тој има договор со Бенфика до 2023 година, па Барселона може да го врати за симболична сума, а Чави го сака до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Јонг го одбил Манчестер Јунајтед – сака да игра во Лигата на шампионите

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг пред себе ма тешка задача да го врати ти…