Дома Фудбал Италија Луис Алберто го продолжи договорот со Лацио

Луис Алберто го продолжи договорот со Лацио

Еден од најдобрите фудбалери на Лацио, Луис Алберто денеска потпиша нов договор со римскиот клуб.

Шпански фудбалер за врска со Лацио го продолжи договорот до лето 2022. година, што претставува одлична работа за клубот од Олимпико кој во последните години доста лесно ги пушташе најдобрите играчи во други клубови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Луис Алберто во Лацио пристигна во 2016 година од Ливерпул за само 4 милиони евра, а под водство на Симоне Инзаги стана еден од најдобрите фудбалери за врска во Серија А.

Оваа сезона Луис Алберто одигра 31 натпревар во сите натпреварувања, постигна осум голови и запиша девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо ги загуби нервите: Удри противник, доби црвен картон, па иронично гестикулираше (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, вчера заработи директен …