Дома Фудбал Италија Лоши вести за Јувентус: Бонучи ќе паузира еден месец!

Лоши вести за Јувентус: Бонучи ќе паузира еден месец!

Јувентус синоќа скапо ја плати победата против Лацио, бидејќи остана без еден од најважните фудбалери, Леонардо Бонучи.

Одличниот дефанзивец се повреди уште на самиот старт на натпреварот, но успеа да одигра уште половина час, по што Алегри беше приморан да го извади од игра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бонучи заработи повреда на десната нога и со штаки го напушти „Олимпико“,а денешните прегледи потврдија дека ќе мора да биде надвор од терените најмалку еден месец.

Тоа ќе биде сериозен удар за „старата дама“ која остана без Бенатија кој се преселува во Катар, а Барзаљи е сериозно повреден и уште долго ќе биде надвор од терените.

Поради повредата Бонучи сигурно ќе го пропушти првиот меч со Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …