Дома Фудбал Англија Лоши вести за Челзи: Канте се повреди три дена пред финалето!

Лоши вести за Челзи: Канте се повреди три дена пред финалето!

0

Во среда во Баку ќе се игра финалето во Лига Европа помеѓу Челзи и Арсенал, а „сините“ се соочуваат со неочекувани проблеми на три дена пред најважниот меч сезонава.

Имено, еден од клучните играчи во тимот на Сари, Нголо Канте заработи повреда на синоќешниот трененинг и е неизвесен за финалето.

Англиските медиуми пренесоа дека Канте заработил повреда на коленото, но клубот се уште нема излезено со официјални информации.

Поради тоа под знак прашалник е настапот на Французинот во финалето, а тоа без сомнеж би било голем нендикеп за тимот на Сари, бидејќи Канте е еден од клучните фудбалери во тимот.

Потсетуваме, Челзи и Арсенал ќе се борат за европски трофеј, но „топџиите“ преку освојување на турнирот сакаат да обезбедат и учество во Лигата на шампиони следната сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кога тоа го прави Погба изгледа лесно: Неколку фудбалери на Интер извисија во обид да го запрат (ВИДЕО)

Пол Погба ова лето на големо се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед и нема сомнев…