Долго време во јавноста се најавува дека Зинедин Зидан ќе ја преземе репрезентацијата на Франција по заминувањето на Дидие Дешам.
Пред почетокот на Мундијалот се појавија информации дека без разлика на исходот на Мундијалот Зидан ќе седне на селекторското столле бидејќи Дешам ќе си заминел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму Франција наводно е причината што Зидан ги одбива понудите да се врати во клупскиот фудбал.
Сепак, актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грает јавно искажа поддршка за Дешам.
„Кога репрезентацијата ја води човек како Дешам, воопшто не ги разгледувате другите опции. Не може да постои подобар селектор за Франција од Дешам. Ова го зборувам како претседател на федерацијата, не како пријател на Дешам“, изјави Ле Грает.
Очигледно ова е отворена понуда за Дешам да стави потпис на нова соработка, а тој својата одлука сигурно нема да ја донесе пред завршувањето на настапот со Франција на Мундијалот во Катар.