Водечките три екипи во Евролигата забележаа порази во 26.коло, додека петте тима кои се борат за пласмна во четвртфиналето запишаа победи и само ја зголемија неизвесноста во последните четири кола.
Басконија, во драматична завршница, успеа да слави против ЦСКА 79:78, со поените на Ларкин на 30 секунди до крајот. Во последната минута Теодосиќ со две тројки и асистенција за Огустајн успеа да ја донесе ЦСКА до 77:78. Ларкин возврати за минимална предност на Басконија, а во последниот напад ЦСКА не успеа да организира акција за поени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сеназица приреди отпишаниот Галатасарај, кој во Атина и покрај негативата од 18 поени, успеа да слави против Олимпијакос 71:80. Ден претходно Панатинаикос славеше против Реал 88:82.
Резултати: УНИКС-Жалгирис 80:82, Дарушафака-Барселона 67:56, Олимпијакос-Галатасарај 71:80, Басконија-ЦСКА 79:78, Анадолу Ефес-Макаби 92:87, Панатинаикос-Реал 88:82, Бамберг-Фенербахче 78:83, Армани Милано-Црвена звезда 71:78.
Табела: 1. Реал 19/7, 2. ЦСКА 19/7, 3. Олимпијакос 18/8, 4. Фенербахче 17/9, 5. Панатинаикос 15/11, 6.Црвена звезда 15/11, 7. Басконија 15/11, 8. Ефес 14/12, 9. Дарушафака 13/13, 10. Жалгирис 12/14, 11. Барселона 10/16, 12. Бамберг 9/17, 13. Галатасарај 9/17, 14. Макаби 9/17, 15. УНИКС 7/19, 16. Армани Милано 7/19.