Дома Фудбал Останато Лига Европа: Манчестер Јунајтед против Селта!

Лига Европа: Манчестер Јунајтед против Селта!

0

Попладнево во Нион се одржа жребот за полуфиналето од најмасовното натпреварување во Европа, Лига Европа.

Жребот сакаше првиот фаворит Манчестер Јунајтед да го спои со Селта, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат Ајакс и Лион.

Парови:
Ајакс – Олимпик Лион
Селта – Манчестер Јунајтед

Првите полуфинални натпревари ќе се одиграат на 4-ти мај, додека раваншите се закажани за седум дена подоцна.

Финалето ќе се одигра во Стокхолм на 24-ти мај, а победникот автоматски се пласира во Лигата на шампиони.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Останато

Проверете

Ова е најдобриот голман на светот: Во овој момент Каталонците поседуваат „незаменливо чудо“

Марк Андре тер Штеген е најдобриот голман на светот. Така барем тврди дефанзивецот на Барс…