Aзербејџан сезонава како да им е суден на македонските екипи, после Силекс во квалификациите за ЛШ, Шкендија и Шкупи во квалификациите за ЛЕ добија противници од оваа земја.
Шкендија ќе има улога на фаворит и ќе се соочи на гости со Сумгаит, додека Шкупи ќе игра против Нефчи па така во квалификациите заедно со Силекс ќе гледаме дури три македонско-азербејџански пресметки месецов.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Единствена екипа која не доби противник од Азербејџан е Ренова која го доби добро познатиот Алашкерт од Ерменија. Алашкерт лани ја елиминираше Македонија Ѓорче Петров во првото коло од квалификациите за ЛЕ.
Натпреварите се закажани за 27 август, а каде ќе се играат зависи од ситуацијата со коронавирусот.
Квалфиикации за Лига Европа:
Нефчи – Шкупи
Алашкерт – Ренова
Сумгаит – Шкендија