Дома Фудбал Англија Ливерпул тргнува по играчот кој ја игра најдобрата сезона во кариерата

Ливерпул тргнува по играчот кој ја игра најдобрата сезона во кариерата

Ливерпул е во потрага по стопер. Повредите на Ван Дајк, Матип и Гомез, Клоп го донесоа во незавидна ситуација.

Фабињо и Хендерсон моментално играат на стоперските позиции, а Вилијамс и Филипс немаат искуство да играат константно на ниво кое го бара ПЛ, но и ЛШ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Многу имиња се споменуваа како можни засилувања за Црвените, а Ливерпул Ехо пренесува дека главен фаворит за доаѓање на Енфилд е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, кој со Црвените се поврзува од почетокот на 2021. година.

Станува збор за играч кој има 21 година. Ги помина сите младински категории на Ајакс, а една сезона помина на позајмица во Херенвен. Во Лил пристигна во јули 2020. година и уште во првата сезона е еден од клучните играчи на тимот.

За Лил оваа сезона во сите натпреварувања одигра 26 натпревари и еднаш се запиша во листата на стрелците.

Моменталната вредност според Трансфермаркт иснесува 25 милиони евра, а некои француски медиуми пишуваат дека Лил нема да разговара за сума помала од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед ја добива битката со Арсенал за ѕвезда од 77,5 милиони фунти

Многу е очигледно од почетокот на летото дека Манчестер Јунајтед сака нов напаѓач, но нивн…