Дома Трансфер зона Ливерпул спреми 50 милиони за ѕвезда од Бундеслигата

Ливерпул спреми 50 милиони за ѕвезда од Бундеслигата

Клубовите од Премиер лигата, пред се Ливерпул, се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 23- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира оваа сезона со настапите во Бундеслигата.

Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, а „Билд“ пренесува дека Ливерпул веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да плати 50 милиони евра.

Интерес за швајцарскиот репрезентативец покажуваат уште Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, па поради тоа „црвените“ брзаат и сакаат да ја победат конкуренцијата.

Клоп во него гледа идеална замена за Набу Кеита, кој е на излезна врата од „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…