Ливерпул го победи мексиканскито Монтереј вечерва во Доха во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Јирген Клоп на терен испрати комбиниран состав, Вирџил Ван Дајк воопшто не беше во конкуренција за настап, а на крајот потешко од очекувањата „црвените“ се пласираа во финалето. Победничкиот гол европскиот шампион го постигна дури во судиското продолжение од второто полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од самиот старт Ливерпул доминираше на теренот. Прво од далечина се закани Шакири, за веќе во следниот напад да постигнат гол. Во 11.минута за водство на Ливерпул погоди Кеита. Треба да се истакне дека во оваа Салах испрати едно супер додавање. Монтереј брзо се врати и преку Фунеј изедначи само две минути подоцна.
Како што изминуваше натпреварот двете екипи играа се повќе отворено, се бараше гол…Од кај Монтереј се закануваше Пабон, за Ливерпул одлични прилики пропушти Ориги, а гол видовме во судиското продолжение. Фирмино после додавањето од Арнолд постигна гол за 2:1.
Во финалето Ливерпул ќе игра против Фламенго, тој натпревар се игра на 21.декември.