Јануарскиот преоден рок би можел да биде еден од највозбудливите во последните години, а главна ѕвезда би можел да биде Бразилецот од Ливерпул, Филипе Кутињо.
Ливерпул игра одлично од почетокот на сезоната, а еден од најдобрите поединци е токму Филипе Кутињо. Бразилецот со своите одлични партии го привлече вниманието на многу клубови, а особено интерес за него покажува Барселона.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Ливерпул испрати јасна порака до заинетресирани и ја одреди цената на Бразилецот од „само“ 75 милиони евра, а Клоп беше јасен дека Кутињо ќе остане на „Енфилд“.
Сепак, слично беше сценариото кога пред две години Суарез потпиша за Барселона, ако се говореше дека нема да замине од Ливерпул.
Некои медуми тврдат дека би можела да се случи голема размена, така што на „Енфилд“ ќе заврши Арда Туран плус 50 милиони евра, а Барса ќе го добие Кутињо.
Доколку се комплетира овој трансфер тоа би можело еден од најголемите кои се реализирале во зимски преоден рок.