Ливерпул би можел да тргне во „лов“ на австрискиот стратег, Ралф Рагник, но не како замена за Јирген Клоп.
На крајот од сезоната Ливерпул ќе остане без спортскиот фиректор, Џулијен Ворд кој ќе ја промени средината, но неопходно е да се пронајде човек кој ќе има преговарачка моќ во преговорите. Клубот разговарал со Пол Мичел од Монако, но до договор не дошло.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ралф Рагник е една од опциите, иако е малку изненадувачки затоа што го водеше Манчестер Јунајтед. Рагник е некој кој најдобро знае да работи зад сцената, се истакна во Лајпциг. Тренерската позиција, а и сега селекторската во Австрија баш и не му одат, па може да ја напушти и оваа позиција.
Клоп е некој кој многу го почитува Рагник, пишуваат локалните медиуми и не би имал ништо против да соработува со него.