Дома Фудбал Останато ЛЕ: Покер на Јунајтед и Вулвс, Порто го „фати последниот воз“ – ова се сите учесници во нокаут фазата!

ЛЕ: Покер на Јунајтед и Вулвс, Порто го „фати последниот воз“ – ова се сите учесници во нокаут фазата!

Денес заврши и групната фаза во Лигата на Европа.

После натпреварите во терминот оф 18:55 часот пласман во нокаут фазата обезбедија: Севиља, Апоел, Малме, Копенхаген, Базел, Гетафе, Ласк Линц, Спортинг, Селтик, Клуж, Арсенал и Ајнтрахт.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во терминот од 21:00 часот Манчестер Јунајтед со убедливи 4:0 го совлада АЗ Алкмар. Сите голови „црвените ѓаволи“ ги постигнаа во вториот дел преку Јанг, Гринвуд (два) и Мата.

Слично нешто направи и уште еден Премиер лигаш, Вулвс со истиот резултат и со исто така сите голови постигнати во вториот славеше против Бешикташ. Клучен човек во триумфот на Вулвс беше Јота кој во игра влезе во 58. Минута и за 12 минути постигна хет-трик, еден гол беше дело на Дедонкер.

Порто со 3:2 го совлада Фејнорд. Тука сите голови паднаа во првиот дел. Во 14.минута преку Дијас Порто го отвори резултатот, а две минути подоцна Маласија ја погоди сопствената за веќе 2:0 за Португалнците. Фејнорд брзо се врати до 22.минута веќе беше 2:2. Погодуваа Ботегин и Ларсон. Во 34.минута Сораес постигна гол за 3:2 и тој резултат се покажа како конечен.

Партизан на свој терен беше убедлив против Астана и оствари победа од 4:0.

Останати натпревари:

Рома – Волфсбергер 2:2

Борусија Менхенгладбах – Башакешир 1:1

Еспањол – ЦСКА Москва 0:1

Гент – Олександрија 2:1

Лудогорец – Френцварош 1:0

Ренџерс – Јанг Бојс 1:0

Слован Братислава – Брага

Волфсбург – Сент Етјен 1:0

Од овие натпревари место во следната фаза обезбедија: Порто, Ренџерс, Еспањол, Лудогорец, Гент, Волфсбург, Башекешир, Рома, Брага, Вулвс, Манчестер Јунајтед и АЗ Алкмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Баерн се договорил со новиот тренер!

Познатиот каталонски медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека се е договорено и Зинедин Зидан ќ…