Дома Фудбал Лига на шампиони Лео Меси го избра најдобриот тренер на светот

Лео Меси го избра најдобриот тренер на светот

Славниот Аргентинец Лео Меси пофално зборуваше за менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Тие двајца работеа заедно многу успешно во Барселона кога, покрај другите трофеи, двапати ја освоија Лигата на шампионите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


До оваа сезона тоа беа единствените два европски купа за Пеп Гвардиола, чии критичари прогнозираа дека никогаш повеќе нема да го освои тој трофеј бидејќи Лео Меси повеќе не е во тимот.

Сепак, овој сезона конечно го направи тоа како менаџер на Граѓаните со победата во финалето против Интер во Истанбул.

„Тој заслужи да ја освои Лигата на шампионите. Гвардиола е најдобриот тренер на светот“, изјави Меси, а пренесува шпански АС.

Меси и Гвардиола заедно ја освоија Лигата на шампионите во 2009 и 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…